Во Германија ново апсење под обвинение за шпионажа во полза на Русија

Главното германско Државно обвинителство во Карлсруе објави во четвртокот дека под обвинение дека наводно шпионирал во полза на Русија на аеродромот во Минхен е уапсени германски државјанин помошник на поранешен службеник на Сојузната разузнавачка служба (Bundesnachrichtendienst, BND)/

„Врз основа на налогот за апсење издаден од истражен студија на Сојузниот врховен суд на 19-ти јануари 2023 година, сојузното обвинителство го приведе германскиот државјанин Артур Е на 22-ри јануари 2023 година“, се вели во соопштението на обвинителството

Се прецизира дека германскиот државјанин бил приведен при влегување во земјата од САД на аеродромот во Минхен. Истрагата била спроведена во тесна соработка со германската BND со поддршка на американското Федерално биро за истраги (FBI).

Во случајот на Артур Е., како што се наведува не станува збор за службеник на BND, туку за близок човек на Карстен Л., уапсен на 21-ви декември под обвинување за шпионажа за Русија. Артур Е. Наводно делувал како курирска врска меѓу Карстен Л. и руските тајни служби. Со таа цел патувал во Москва, каде што, како што се наведува, наводно ги предавал материјалите на претставници на една од руските тајни служби чиишто име не е наведено.

Според обвинителството, Артур Е., бил изведен пред истражен судија на Сојузниот врховен суд на 23-ти јануари годинава, кога судијата издал налог за апсење и наредил стражарно приведување на осомничениот.

Весникот Focus, повикувајќи се на извори во разузнавањето, објави дека поради природата на неговата позиција, Карстен Л. имал пристап до резултатите од прислушувањата на германските и сојузнички разузнавачки служби. Во прилозите на германските јавни радиодифузери NDR и WDR се наведува дека Карстен Л. веројатно пренесува доверливи информации за ситуацијата во Украина.

Германските разузнавачки служби по почетокот на руската интервенција во Украина го подигнале нивото на безбедност насочена токму на шпионажите поврзани со Русија, откако изминатите години трпеа удари од сојузничките служби, во прв ред американските и данските. Така германски резервен офицер на 18-ти ноември во Диселдорф беше осуден на затворска казна од 21 месец условно поради наводно шпионирање во полза на Русија.