Бројот на новозаразените со коронавирусот во Германија е во пораст, а државниот епидемиолошки Институт „Роберт Кох“ во петокот предвидува уште посилен раст следните седмици.
„Мора да се смета со тоа дека во продолжувањето на есенскиот период и претстојната зима растот на новозаболените (со Covid-19) остро ќе забрза“, се истакнува во соопштението на Институтот.
Бројот на новозаболените на 100.000 жители изминтата седмица во петокот изнесуваше 95,1, што е чувствителен пораст во споредба со септември кога инциденцата на заразата изнесуваше 65.
Во моментов 66,1 отсто од возрасното население во Германија е целосно вакцинирано, а 69,1 отсто ја примиле првата доза од вакцините против Covid-19. Притоа големи се разликите меѓу регионите, а најниската бројка вакцинирани има во сојузната покраина Саксонија.
Вакцинираноста на населението во Германија е забележително пониска отколку во соседните Данска и во Холандија, но е приближно на исто ниво како и во Франција.
Стручњакот за здравство во победничката на септемвриските парламентарни избори Социјалдемократската партија на Германија (SPD), Карл Лотербах, смета дека за растот на бројот на новозаразените е виновен застојот во процесот на вакцинирањето на граѓаните.
„Она што ни недостига е насочена кампања. Ние мораме директно да им се обраќаме на невакцинираните“, изјави Лотербах.
Тој особено предупреди на граѓаните со мигрантско потекло.
„Мојот впечаток е дека сѐ уште не сме допреле до оваа група граѓани“, изјави здравствениот експерт на SPD, партијата којашто веројатно ќе ја води следната германска влада.
Здружението на медицинарите од одделите за интензивна грижа предупреди на можни застои во здравствените услуги поради недостигот од работници во здравството.
„Во претстојниот период мораме да сметаме со влошувањето на здравствената грижа“, се наведува во соопштението за јавноста на Германското здружение на медицинарите и интензивните и одделите за итна помош (DIVI).
Притоа како една од причините се наведува големот број откази од страна на здравствените работници поради незадоволството од условите на работа.
Забележетелните скокови на бројот на новозаразените, како што соопшти Институтот „Роберт Кох“, потврдени се и во медицинските установи и во домовите за стари лица, но најголем број новозаразени сѐ уште се бележи кај младите и децата, старосната група која досега не беше опфатена со мерките за вакцинирање.
Во Институтот „Роберт Кох“ сметаат дека во иднина ќе се зголемува и бројот на вакцинираните кои ќе се заразат со коронавирусот, што се очекува имајќи го предвид падот на бројот на вакцинираните и моменталните високи инциденци.