Во Германија разбиена група која планирала напади врз џамии

Германската влада ги осуди во понеделникот „застрашувачките планови“ за напади врз џамии ширум земјата кои наводно ги подготвувала една екстремно десничарска групација, ветувајќи дека муслиманските верски објекти ќе бидат заштитени.

„Тоа што е откриено е застрашувачки, што јасно покажива дека една група толку се радикализирала толку брзо. Важно е тие места за богослужби бидат заштитени“, изјави портпаролот на германското министерство за внатрешни работи Бјорн Груенвалдер на редовната прес-конференција.

„Мисијата на државата е да обезбеди слободно практикување на религијата во земјата без опасности и закани“, истакна портпаролот на германската влада, Штефан Зајберт.

Дванаесет припадници на крајно десничкарска групација биле уапсени во петокот на разни локации ширум Германија и се ставени во притвор под сомнение дека подготвувале терористички напади.

Осомничени се дека планирале да нападнат џамии во текот на молитви, по примерот на нападот во Крајстчр на Нов Зеланд во кој во март 2019 година во две џемии беше убиено 51 лице, а што сторителот директно го пренесуваше преку социјалните мрежи.

Осомничениот водач на германската група, кој им бил познат на безбедносните служби кои го следеле повеќе месеци, ги изнел плановте на состанок со соработниците минатата седмица. Иследниците за тоа дознале благодарејќи на доушник уфрлен во групата, пренесуваат германските медиуми. Во написите се доава дека групата „планирала напади врз џамии во десетина“ германски региони.

Меѓу дванаесетте приведени, четворица се осомничени дека се главни водачи на групата, а другите осуммина деак им давале финансиска и логистичка поддршка. Сите се германски државјнаи, а меѓу нив е и еден полицаец од сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија, кој е веднаш суспендиран од должноста.