Во Германија развиле нов можен тест за коронавирусот

Фармацевтите од германскиот Универзитет Хале-Витемберг развиле начин за откривање на мали колечества од новиот во раствор за измивање на устата, користејќи техника којашто би можела да се користи за тестирања.

Студијата користела примероци од растворот со кој пациентите заразени со вирусот SARS-CoV-2 ја измивале устата, успешно отркивајќи го вирусот со техниката на масена спектометрија, соопштија од универзитетот.

Новиот метод мора дополнително да се разбработи пред да може да се користи како стандарна дијагностичка алатка за надополнување на тестовите на коронавирусот, се додава во соопштението.

Овој тест е високо специфичен, бидејќи ги цели протеинските компаненти кои постојат само во новиот коронавирус,

„Ние ги мериме пептидите кои доаѓаат од вирусот а не генетскиот материјал“, појаснува Андреа Синц, која работела на истражувањето/

Во моментов се потребни 15 минути за добивање резултат од овој тест, а значителен е и дури и со мали количества од раствор за измивање. Сега тимот фармацевти работи на скратување на времето на тестирањето.

Доколку тестот се покаже успешен, мерењата би можел да ги изведува и неспецијализиран персонал, велат научниците.

Иако новиот метод нема да биде веднаш достапен, Синц изразува надеж дека тестот би можел да биде во функција по неколку месеци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.