Германија забележа рекордна седумдневна инциденца на зараза со коронавирусот од 497,1 случаи на 100.000 ќители од почетокот на епидемијата, објави во саботата националната агенција за контрола на болестите.
Пред еднса седмица инциденцата на ново на целата земја изнесуваше 335,9 обајви Институтот „Роберт Кох“.
Институтот, исто така, извести за 78.022 новозаразени во периодот од претходните 24 часа, во однос на 55.889 нови коронаинфекции во 24-те часа пред една седмица.
Според извештајот од петокот во сегашниот седумдневен период во германските болници биле примени 3,23 заболени од Covid-19 на 100.000 жители. Притоа се наведува дека бројките не се ажурираат во текот на викендот.
Институтот извести и дека дневниот број на смртните случаи поврзани со коронавирусот изнесувал 235, што е помалку во однос на 286 една седмица претходно. Досега од почетокот на епидемијата во Германија од зараза со коронавирусот починале 114.572 лица.
Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах изјави во петокот дека „на сила е соодветен пакет мерки“ за да се намали моменталниот бран на епидемијата на коронавирусот предизвикан од омикрон сојот, иако сејодневно бројот на новозаразените е во остар пораст.
Во последните неколку седмици, германската сојузна влада и владите на сојузните покраини усвоија построги правила за конатктите, особено кога станува збор за невакцинирани лица и го скусија времетраењето на карантинот.