Во Германија тајна вежба на НАТО со сценарио за нуклеарна војна

Германските воздухопловни сили учествувале со партнерите од НАТО на тајни вежби кои вклучувале сценарио за почеток на нуклеарна војна, пренесува во петокот новинската агенција DPA, повикувајќи се на сопствени извори.

Според агенцијата, воените маневри под називот „ Steadfast Noon“ започнале оваа седмица. Во текот на вежбата, меѓу другото, се увежбувало употреба на авииони способни да носат нуклеарно вооружување.

Германската армија Биндесверот ангажирала во вежбите ловци од моделот „Tornado“ во борбената ескадрула 33. Тие се распоредени во базата во близина на местот Бухел во сојузната покраина Рајнска област – Пфлац чиј главен град е Мајнц.

Според неофицијалните податоци, таму досега биле чувани до 20 американски нуклеарни боеви глави од типот „B61“, кои остануваат во стратешкиот концепт на НАТО за нуклеарно одвраќање на противниците.

Во извештајот се наведува и дека летовите биле изведувани без бомби, а годинава покрај германските авиони, учествувале и борбени летала од Италија кои дејствувале од холандскиот воен авион Волкел.

Во почетокот немало информации за сценариото на вежбата, наведува DPA. Експертот за нуклеарно вооружување Ханс Кристенсен истакнла дека таквите маневри ќе се изведат откако ќе пристигнат амриканските бомбардери „B-52“ од Англија. Додава дека претходно имало информација за пристигнување на бомбардерите во британската база Голстершир.

Опасноста од нуклеарна војна во моментов е многу поголема од кога и да е во претходните три децении. Во прв ред, според аналитичарите, тоа е завршувањето на Договорот за елиминација на проектилите со среден и мал дострел (INF – Intermediate Nuclear Forces Treaty) кој во 1987 година, од кој САД се повлекоа ова лето, по меѓусебните обвинувања со Русија за негово непочитување.

Воените експерти сметаат дека сега може да дојде до нова трка во вооружување. САД веќе работат на нов мобилен копнен рекетен систем со среден дострел кој би бил забранет со договорот INF, а Русија изведе пробни лансирања за проектили кои според Западот исто така го нарушуваат договорот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.