Во Германија уапсен вработен во армијата, осомничен за шпионажа за Русија

Германски државјанин идентификуван само како Т Х. е уапсен денеска во Кобленц поради обвинение дека се обидел да шпионира за Русија, а направен е претрес на неговиот стан и работното место, соопштија федералните власти.

Германскиот сојузен обвинител во кратка пишана изјава наведе дека човекот работи за германската војска, во Канцеларијата на армијата за опрема, инфромациски техонологии и поддршка во службата.

Човекот опд мај во неколку наврати на сопствена иницијатива се обратил до рускиот Конзулат во Бон и до руската амбасада во Берлин, нудејќи соработка.

Истрагата беше спроведена во тесна соработка со Федералната канцеларија за воено контраразузнавање и домашната разузнавачка служба на Германија, Сојузната служба за заштита на Уставот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.