Во Германија уапсени членови на исламистичка терористичка ќелија

Обвинителството на германската провинција Северна Рајна-Вестфалија денеска објави дека четворица Таџикистанци се уапсени под сомнение дека се членови на исламистичка терористичка ќелија.

Четворицата, како и уште едно лице кое веќе е во истражен притвор, планирале терористички напади во Германија во име на Исламска држава, соопшти обвинителството во Карлсруе.

Групата планирала да ги нападне американските воени институции во Германија, како и поединци. Нивна цел биле и критичари на исламот.

Според весникот „Билд“, уапсените веќе набавиле оружје, а еден од нив исто така имал план и за правење бомба.

Прво планирале да одат во џихад во Таџикистан, но потоа го смениле планот и решиле да извршат напади во Германија.

Тие биле во близок контакт со високи лидери на Исламска држава во Сирија и Авганистан, од кои добивале инструкции.

За да ги финансираат нивните планови, собирале пари во Германија и преку Турција ги префрлале на Исламска држава.

Еден од нив прифатил налог за убиство во Албанија, за што му биле ветени 40.000 долари, пренесува „Билд“, додавајќи дека убиството не успеало во последен момент.