Во Германија во изолација 160 лица по учество на собир

Околу 160 лица мораа да заминат во изолација по неколку поголеми собири кои предизвикале ново жариште на епидемијата од коронавирусот во германскиот град Гетинген, објавија локалните власти во неделата.

Позитивни на коронавирусот биле 35 тестирани лица, откако учствувале на приватни настани кои биле забранети во време на изолацијата поради епидемијата. Од овие тесторани, едно лице е во тешка состојба.

Градските власти објавија дека ќе ги тестираат сите лиа кои биле во контакт со споменатата група, без оглед дали покажуваат симптоми на болеста Covid-19 или не.

Веста за новозаразените е објавена ден откако канцеларката Ангела Меркел рече дека замјата сега „го положила“ испитот на епидемијата, но предипреди дека претстои уште „голема работа“.

Бројот на новозаразените остро падна, откако владата вомарт воведе низа ограничувања,

Иако Германија имаше голем број заразени, смртените исходи се малку во однос на другите држави. Според податоците на американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, во Германија се регистрирани досега 183.302 заразени и 8.539 починати од коронавирусот.