Во Германија за еден ден над 4.100 заразени

Бројот на заразени со новиот коронавирус во Германија се зголеми за 4.155 за еден ден и веќе е 112.348 лица.

Во таа држава бројот на заразени дневно е околу 4.000.

Регистрирани се 2.292 смртни случаи од коронавирусот, вклучувајќи и 221 за последниот ден.

Епицентарот на епидемијата на коронавирусот во Германија се провинциите Баварија, Северна Рајна-Вестфалија и Баден-Виртемберг.