Во Германија забележани рекордни осцилации на температурите

Неодамна Геранија прво ја зафатија поларни студови, а кусо потоа како да стаса пролетта, па метеоролозите велат дека во земјата се забележани најголоемите седмични промени на температурата откако постојат мерењата.

Германската метеоролошка служба DWD објави дека во земјата никогаш досега не е регестрирана ваква осцилација на температурите во седум декана како на метеоролошката станица во Гетинген.

Таму на 14-ти февруари се измерени минус 23,8 Целзиусови степени, а седум дена подоцна на 21-ви февруари, било 18,1 степени. Станува збор за разлика од дури 41,9 Целзиусови степени.

За да најдат било што е споредливо со оваа ситуација, метеоролозите морале да одат далеку во минатото. Претходниот рекорд запишан е во мај 1880 година, во првите денови од бележењето на податоците за временските прилики. Тогаш температурната разлика во таа седмица била 41 Целзиусов степен.

Во понеделникот бил забележан и уште еден интересен регионален рекорд во северна Германија. На мерната станица Неувиедентал, крај Храмбург, измерен се 21,1 Целзиусов степен.

„Првпат откако постојат мерењата на температурата во Хамбург надмина 20 Целзиусови степени“, објави DWD.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.