Во Германија започна судењето на 100-годишен СС-овец

Во Бранденбург на Хавел, западно од Берлин, во четвртокот започна судењето на сега 100-годишниот поранешен чувар во концентрациониот логор Заксенхаузен и припадник на специјалните сили СС (SS), Јозеф С поради помагање во убиствата на повеќе од 3.000 луѓе во логорот во текот на Втората светска војна.

Обвинението го товари Јозеф С. дека „самоволно“ како чувар и припадник на СС помагал во убиства на „најмалку 3.518 затвореници“ во логорот Заксенхаузен.

Заксенхаузен, северно од Берлин, истовремено служел и како камп за обука на припадниците на СС единиците, кои биле специјализирани за чување на концентрационите логори. Вкупно во овој логор згаснале животите на повеќе од 20.000 луѓе, главно Евреи, но и политички противници на национал-социјалистичкиот режим.

Судскиот вештаци утврдиле дека Јозеф С., и покрај длабоката старост е спосебен за судењето, но најмногу по два часа дневно.

Судењето затоа не се одвива во зградата на покраинскиот суд во Нојрупин, туку во специјалната за тоа подготвената спортска сала во близина на местото на живеење на обвинетиот, во Брандербург на Хавел, град со околу 100.000 жител, на 50-ина километри од Берлин.

На почетокот од сдењето еден од сведоците на обвинението Леон Шварцбаум, кој преживеал неколку концентрациони логори, меѓу другите и Заксенхаузен, изразил надеж во доцната правда.

„Ова е последиот прцес за моит пријатели и други лица кои се убиени и се надевам дека обвинениот ќе биде и осуден“, изјав Шварцбау, пред почетокот на судењето.

Германските медиуми шпекулираат околу причините поради кој поранешната комунистичка Германска Демократска Република, каде што Јозеф С. живеел по враќањето од воено заробеништви, поранешниот СС-овец ни го извела пред суд, како што тоа го правела со многу други воени злосторници. Според списите од Штази, тајната полиција на Источна Германија, најдоцна од 1979 година на тамошните власти им било познато за кого станува збор.