Во Германија започна судењето на 96-годишна некогашна дактилографка во нацистички логор

Во Ицехо, рад 50-ина километри северозападно од Хамбург, во вторникот започна судењето на 96-годишнаа Ирмград Фуршнер која е обвинета за учество во убиствата на над 11.000 жртви во нацистичкиот концтрационен логор Штутгоф (Штутово), источно од Гдањск на окупираната полска територија во Втората светска војна.

Судењето требаше да започне на 30-ти септември, но обвинетата не се појави на рочиштето и беше утврдено дека поегнала од домот за стари лица во кој живее. Истиот ден беше пронајдена и уапсена, по што беше сравена во притвор од кој беше ослободена по неколку дена.

Фуршнер на почетокот од септември во писмо го замолила судијата поради здравствени причини да ја ослободи од обврската да прусуствува на рочиштата во процесот, што беше одбиено.

Обвинението ја товар 96-годишната жена дека тогаш како 18-годишна била секретарка на управата на логорот помагала во „системското убиење на затворениците во логорот“ и а за поддржување на убиства во повеќе од 11.000 случаи. Фуршнер, инаку, работела како стенографка и дактилографка во управата на логорот во периодот од 1943 до 1945 година.

Во логорот Штутгоф на балтичкиот брег, според податоците на Централното биро за утврдување на жртвите на националсоцијализмот, животот го загубиле вкупно повеќе од 65.000 луѓе, главно Евреи од источна Европа.

Овој логор бил познат по тоа што, за разлика од другите нацистички логори, затворениците не биле убивани во гасни комори, туку најголемиот дел од нив умреле од исцрпеност и глад.

Во Германија во Бранденбург на Хавел, западно од Берлин, се одржува судењето на 100-годишниот поранешен чувар во концентрациониот логор Заксенхаузен и подоцнежен припадник на специјалните сили СС (SS), Јозеф С поради помагање во убиствата на повеќе од 3.000 луѓе во логорот во текот на Втората светска војна.