Во Германија заразени речиси 100.000 луѓе

Во Германија, во изминатите 24 часа, регистрирани се уште 3.834 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, со што вкупниот број заразени достигна 99.225.

Во текот на ноќта се потврдени 99 нови случаи, според Институтот за инфективни болести Роберт Кох.

Бројот на смртни случаи се зголеми за 173 во измиантите 24 часа, вкупно досега 1.607 лица ги загубија животите од Ковид-19.

Зголемувањето на бројот на заразени лица во последните 24 часа е поголемо од претходниот ден, кога беа евидентирани 3.677 нови случаи.