Во Германија годишно умираат 13.000 луѓе поради загадениот воздух

Околу 43.000 луѓе прерано починале поради фината прашина и озонот во Германија од 2015 година, соопшти во четвртокот Меѓународниот совет за чист превоз (ICCT).

Околу 13.000 од споменатите смртни случаи може да му се припишат на загадувањето на воздух од сообраќајот, се дознава од најновата студија на научниците во ICCT.

Ширум светот околу 3,4 милиони луѓе умираат како последица од загадувањето на воздухот, што е поврзано со мозочни удари, заболувања на срцето и белите дробови и дијабетесот, наведуваат уште од ICCT.

Освен што доаѓа од сообраќајот, ситната фина прашина, исто така, ја создаваат и земјоделството, фабриките и електричните централи.

Научниците заклучиле дека во 2015 година околу 385.000 луѓе починале прерано ширум светот, од последиците на вдишувањето на фината прашина и озонот од сообраќајот.