Во Гевгелија гласаше единствениот со Covid-19, кој во меѓувреме добил негативен резултат од тестирањето

Во Општинската изборна комисија Гевгелија денеска во рамки на вонредните парламентарни избори своето демократско право ќе го оствари само еден гласач со Ковид-19, кој во меѓувреме добил негативен резултат од тестирањето, но бил претходно пријавен додека се наоѓал во домашна изолација.

Од ОИК Гевгелија соопштија дека покрај ова, денеска се врши дистрибуција на гласачкиот материјал до избирачките одбори и се прават последните подготовки за спроведување на мерките од протоколот за безбедно гласање во услови на пандемијата од јкоронавирусот. Истите активности се спроведуваат и од страна на општинските изборни комисии во Богданци, Дојран и Валандово каде за денеска нема пријавени гласачи со Covid-19.

Утре во четирите општини од југоисточниот регион ќе гласа вкупно 361 граѓанин, пријавени како болни, стари и изнемоштени лица. Најмногу од нив,или вкупно 185 се во општина Гевгелија, 83 во општина Богданци, 63 во општина Валандово и 30 во општина Дојран.