Во Гевгелија за шест часа 49 литри дожд на метар квадратен

465

За шест часа, од 7  до 13 часот во средата,  најмногу дожд наврнал во Гевгелија, 49 литри на метар квадратен, по што следи Демир Капија со 38 литри, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Струмица и Маврово наврнале 18 литри на метар квадратен, 17 во Лазарополе, 15 во Пожаране, 13 во Дојран, 10 во Претор….

Според УХМР, времето во целата држава моментно е облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните, централните и југоисточните делови.

До крајот на денот ќе се задржи облачно време со врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во текот на ноќта, а пообилни ќе бидат во централните, а особено во  југоисточните делови.

Во Скопската котлина ќе има врнежи од дожд со променлив интензитет, а повремено ќе бидат поинтензивни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.