Во голема полициска акција запленето големо количество дрога

Во голема полициска акција заедно со Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА запленета е дрога во вредност од над 800.000 евра, приведен е висок полициски службеник. Продолжуваме заедно со нашите стратешки партнери во неселективна борба против криминалот, напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Акцијата се спроведува во соработка со мериканската агенција за борба против наркотици – ДЕА.

Дрогата била запленета околу 14 часот на патот од Плетвар кон Кавадарци. Повеќе детали за акцијата ќе бидат познати во текот на денот.

На терен се голем број на полициски сили, а блокиран е и патниот правец каде што се фатени дилерите. Притоа, наводно е приведен е висок полициски служебник кој директно бил вклучен во акцијата.