Во Ѓорче Петров утрово енормно загадено

Апликацијата ,,Мој воздух“, преку која се информираме за загаденоста на воздухот во Скопје, но и во Македонија, утрината покажува неверојатни 1999 ПМ честички во воздухот во населбата Ѓорче Петров.

Другите вредности во скопскиот регион се во граница на нормалното.
Aпликацијата ,,Квалитет на воздухот“, поставена на веб страницата на Министерство за животна средина не работи.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, пред неој ден кажа дека не постои инстант решение, туку постојат интервентни мерки коишто може да го ублажат, меѓутоа не да го решат проблемот со загадувањето на воздухот.

Од шест инструменти за мерење на ПМ10 честичките во воздухот во Скопје, во моментов надвор од функција се два, на мерното место во Гази Баба и во Лисиче.