Во Гостивар, едниот ја тепал сопругата, другиот љубовницата

ден гостиварец е задржан во полициска станица под сомнение дека физички ја нападнал сопругата, а друг за физички напад врз жена со која претходно бил во љубовна врска.

Според СВР Тетово, ноќеска околу 3:15 часот, полициски службеници го лишиле од слобода В.Л. (37) од Гостивар. Тој, еден час пред тоа во семејниот дом физички ја нападнал неговата 29-годишна сопруга. По пријавата В.Л. е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Физичко насилство врз жена е пријавено и во уште еден случај. Од СВР Тетово информираа дека вчера попладне во16.35 часот, гостиварката Ф.Е. (27) пријавила дека на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар физички била нападната од Г.Н.(39) од гостиварско Чегране.

Двајцата претходно биле во љубовна врска. Случајот целосно е расчистен и на Г.Н. ќе му биде изготвен соодветен поднесок