Во Гостивар повреден пешак во сообраќајка

Товарно возило „Пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(48) од гостиварското село Балиндол, удрил во пешакот А.М.(29) во гостиварското село Здуње.

Несреќата се случи вчера во 13:30 часот на улица „Панче Попоски“ во Гостивар.

-Во незгодата со повреди се здобил А.М. и бил пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за уикажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар, информираат од СВР Тетово.