Во Гостивар со автомобил удриле во полициско „Јети“ со двајца полицајци – две девојки тешко повредени

На 10.07.2022 во 04.20 часот на крстосница од ул.„Седек Костоски“ со ул.„Б.Блажески“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, во кое се превезувале двајца полициски службеници и патничко возило „пасат“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.Л.(21) од Гостивар, во кое сопатнички биле М.К.(21) и М.Д.(21), двете од Гостивар.

Во несреќата, М.К. и М.Д. се здобиле со тешки телесни повреди, а другите тројца учесници со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар Гостивар.

Известен е Јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди, а увид извршила екипа од Полициска станица Гостивар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.