Во Гостивар уапсени четворица дрвокрадци

Вчера околу 15.00 часот во атарот на с.Горна Бањица, гостиварско, полициски службеници во координација со претставници од ЈП„Национални шуми“ и на Шумска полиција, ги затекнале А.И.(47), А.Ќ.(43), М.С.(47) и К.Б.(51) од селото, кои на трактор товарале огревни дрва за кои не поседувале документи.

„Сите четири лица биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, додека возилото и дрвата биле предадени на Шумска полиција“, информираат од МВР

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.