Секторот за внатрешни работи Тетово ги известува граѓаните од гостиварското подрачје дека поради потребата од замена на постојните лични документи (лични карти, возачки дозволи и патни исправи) со нови, согласно донесените уставни измени, за што рокот е 12.02.2024 година, а со цел да одговори на потребите на граѓаните, да се избегнат гужвите во организациските единици надлежни за граѓански работи и да се скрати времето на чекање, шалтерите кои работат на примање барања и издавање на готови лични документи во ОВР Гостивар, започнаа со работа во две работни смени.
Граѓаните кои имаат потреба да ги завршат своите граѓански обврски поврзани со замена на личните документи, од сега ќе можат да ги реализираат овие активности секој работен ден до 19.30 часот.
За потсетување, двосменското работење е веќе во функција и на шалтерите за граѓански работи и во СВР Тетово.