Во гостиварско приведени две лица поради поседување на марихуана

19

Двајца жители на гостиварското село Чегране се приведени откако при претрес кај нив е најдено ќесе со марихуана.

Според Марјан Јосивоски портпарол на СВР Тетово полициски службеници, вчера околу 15:45 часот, во гостиварското село Чегране ги лишиле од слобода 21-годишниот Ш.А. и 24-годишниот Е.А., жители на ова село.

При нивен преглед пронајдена е марихуана по што двајцата потоа се задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот. По спроведениот разговор двајцата чегранци ќе се соочат со соодветен поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.