Во грабеж на обложувалница со украден автомобил

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 23-годишниот Е.Н. од село Арачиново, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „одземање на моторно возило“.

Пријавениoт, заедно со уште едно лице, на 21-ви февраури на улицата „Петре Филиповски Гарката“ одзеле патничко возило „форд фиеста“ и околу 20 часот со возилото отишле во спортска обложувалница на улицата „Јужноморавски бригади“, каде што со закана од вработените одзеле пари.