Во Град Скопје одбележани 79 години од депортацијата на македонските Евреи во Tреблинка

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска организираше прием за претставници од Еврејската заедница по повод одбележување 79 години од депортацијата на 7.144 македонските Евреи во 1943 година. На приемот присуствуваа и амбасадорката на Израел во Македонија, Н.Е. Симона Франкел и претседателот на Еврејската заедница во РМ, Пепо Леви.

Амбасадорката на Израел, Н.Е. Симона Франкел и претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви, изразија благодарност до градоначалничката Арсовска, за почитта што секоја година Градот Скопје му ја оддава на еврејскиот народ одбележувајќи го овој датум, за да се запамети и никогаш да не се заборави.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.