Во Градски парк промовирана кружна тартанска патека

– Ако граѓаните покажат интерес за патеката, Градот е со план иста ваква патека да направи и околу големото езеро во Градскиот парк. Оваа стаза се наоѓа на атрактивна површина, на еден од најубавите делови од паркот. Внимававме на тоа граѓаните да можат оваа стаза да ја користат и во ноќните часови, затоа целата е осветлена, рече Шилегов.

Тој ги повика граѓаните да ја користат оваа патека, но и останатите јавни површини кои Град Скопје ги гради, а кои се наменети за јавно добро.