Во Грција 22 жртви од Ковид-19, заразени 821 лице

18

Уште две лица во Грција починаа од коронавирусот, со што бројката на жртви се зголеми на 22, додека, пак, регистриран е вкупно 821 потврден случај на Ковид-19, од кои 78 се во изминатите 24 часа, јави дописничката на МИА од Атина.

Според податоците соопштени од претставникот за Ковид-19 од Министерството за здравство на Грција, професорот епидемиолог Сотирис Циодрас, хоспитализирани се 134 лица, приклучени се на апарати 53 граѓани, а 36 се пуштени од болница.

Во Грција, до сега се анализирани над десет илјади примероци.

Заменик – министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас на денешната прес- конференција рече дека поради појавени девет позитивни случаи на коронавирусот во општинската единица Мики во регионот на градот Ксанти од 18 часот попладнево е прогласена вонредна состојба.

Селото со околу 1.000 жители во следните две седмици ќе биде во целосен карантин, без можност за движење на граѓаните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.