Во Грција 55 новозаразени и четири починати од Covid-19 во последното деноноќие

2020 (EUROKINISSI)

Уште четири лица во Грција починаа како последица од зараза со новиот тип коронавирус, со што бројот на жртвите се зголеми на 125 лица, а регистрирани се 55 нови случаи на инфејкцијата, од кои 28 се меѓу вработените и пациентите во здравствен центар во Атина, а според грчките медиуми, станува збор за приватна клиника.

Од почетокот на епидемијата, во земјата се регистрирани вкупно 2.463 позитивни случаи на коронавирусот, а се анализирани 59.241 примерок.

На апарати се приклучени на апарати 52 лица, а од Одделите за интензивна нега отпуштени се 57 пациенти.

Како што беше соопштено на денешната редовна прес конференција во Министерството за здравство на Грција, во изминатите 20 часа бил вклучен алармот за случаи на Ковид-19 во две приватни клиники во различни делови на Атина.

Во едната клиника со 300 пациенти и 170 вработени, имало еден потврден случаи, кај лице кое починало денеска, а се чекаат резултатите од направените тестови. Првите 92 анализи се негативни.

Во другата клиника, која што е во карантин, потврдени се 28 заразени, а во тек е процедурата на анализирање на примероците.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас истакна дека за двата случаи надлежните ќе бидат и под кривична и под дисциплинска истрага за евентуална одговорност за небрежност

Професорот Сотирис Циодрас рече дека потребна е внимателност и претпазливост од сите, особено од здравствените работници, бидејќи „невнимателното однесување на малкумина е неправедно за оние кои внимаваат“.