Во Грција и некои земји во Европа маските се задолжителни и на отворено

Грција во петокот одлучи дека носењето заштитни маски е задолжително на сите јавни затворени простори и на отворените на кои не е можно одржувањето физичко растојание, италијанска Ломбардија таквата одлука ја продолжи до септември, а и Париз најавува мноќно задолжително носење маски на отворено.

Грција во петокот пријави 78 нови случаи на зараза со коронавирусот, што е најголем број во речиси два месеца. Вкупно досега во земјата се регистрирани 4.447 заразени и 202 смртни случаи од Covid-19, што е релативно мал број во споредба со другите земји во Европа.

„Решавачки фактор во успешното соочување со епидемијата во прв ред е одговорноста на граѓантие, индивидуалната одговорност на секое лице. Тоа беше тајната на грчкиот успех и сите мораме да покажеме иста одговорност и претпазливост во оваа фаза“, изјави заменикот министер за цивилна заштите Никос Хардалијас.

Грчките здравствени власти пред десет дена одлучија дека задолжителното носење маски во супермаркетите, а во вторникот одликата беше проширена и на некои други затворени јавни простори. Маските веќе извесно време се задолжителни во јавниот сообраќај.

Во Ломбардија, најтешко погодениот регион во Италија, грашаните ќе мора да носат маски во јавните затворени простори до 10-ти септември, објавија во петокот регионалните власти.

Гувернерот на Ломбардија, Атилио Фонтана, потпиша уредба со којашто обврската за употреба на маски во затворениот простор ќе биде продолженба до 10-ти септември, додека маските ќе бидат неопходни на отворените простор, доколку не е моќна безбедна оддалеченост меѓу луѓето.

Во Италија од почетокот на кризата со коронавирусот во февруари од последиците на Covid-19, починаа повеќе од 35.000 луѓе, од кои речиси половината од жртвите се во Ломбардија.

Во Франција локални власти најавија дека ќе наметната носење маски и на отворени простори, во областите каде што бројот на случаите на зараза со коронавирусот, објави во петокот министерот за здравство Оливие Веран.

„Началниците отсега ќе можат со уредба да воведат обврска за носење маски и на отворени јавни простори. Таа одлука може да се донесе на локално ниво, во согласност со развивањето на епидемијата“, објави Веран на Twitter.

Југозападните франциски градови Биариз и Бејоне, западниот Сен-Мало и Орлеан во централниот дел на земјата, од четвртокот наметнаа носење маски на отворено, во центрите на градовите и на отворените пазари. Властите ја објаснуваат одлуката за носење маски на отворен со доказите, како што велат, ги има сѐ повеќе а дека вирусот може да се пренесе со аеросолите. Франција во петокот забележа повеќе до 1.300 нови случаи на зараза со коронавирусот.