Во Грција покренат проектот на САД за борба против „руските дезинформации“

Американскиот Стејт департмент во земјата сојузник во НАТО и членка на Европската унија, Грција го започна проектот DisinfoHacks за борба против „руските дезинформации“, а американскиот амбасадор во Атина, Џефри Пајат, се приклучи во саботата на почетокот на „иновативната обука“ за справување со дезинформциите.

Во петокот Пајет изјавил дека финансирањето на проектот DisinfoHacks е обезбедено од Центарот за глобална соработка на Стејте департментот (State Department`s Global Engagement Center, GEC). Дезинформациите станаа еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат демократиите, предупредил американскиот амбасадор.

„Само пред една седмица државниот секретар (Ентони) Блинкен, мојот шеф, престојуваше во Еропа на министерските средби на НАТО и ОБСЕ. Тој јавно ја истакна, како што ја нарече, ‘масивната руска дезинформациска кампања’, која се спроведува за да се убеди јавноста дека Украина претставува закана за Русија и некако се стреми кон конфронтација со својот многу поголем сосед“, изјавил Пајет.

„Оваа дезинформација е дела од инструментариумот на Кремљ за оправдување на агресијата и евентуалната инвазија“, истакнал американскиот амбасадор во Атина.

Последните седмици Украина и западните држави предводени од САД редовни ја обвинуваат Русија за наводно трупање воени трупи на украинската граница и за наводна претстојна инвазија врз соседната земја. Москва редовно ги отфрла ваквите обвинувања, тврдејќи дека таа одговара само на зајакнењето распоредување на офанзивна воена опрема од страна на НАТО на нејзините југоисточни граници со Укрина и зголемување на војските лојални на Киев во пограничната област.

Според Пајет, сите во Грција виделе како силно влијание имаат дезинформациите во текот на изминатите две години во јавните дискусии околу пандемијата на Covid-19.

„Пандемијата ги поткопа економијата, здравствените системи и го погоди целиот свет, но има и неверојатно количество дезинформации поврзани со вакцините за кои е научно докажано дека спасуваат животи“, истакнал Пајет.

Амбасадорот рекол и дека покренувањето на DisinfoHacks е навремени проект кој е „важна алатка за поддршка на демократијата“, борбата против корупцијата и заштитата на човековите права. Пајет додал и дека започнувањето на проектот претставува врв на повеќемесечните планирања и координација на сите партнери вклучени во него.

„Мора да им се оддаде признанието. Тие одговорија на нашиот повик за нови пристапи за спротиставување на дезинформациите во Грција. Осмислија нова програма која ги користи силните страни и мрежите на секоја од засебните организации. Се радувам што гледам како нивната соработка за создавање комплет инструменти, специјала дигитална платформа, објави на блогови, информациски билтени, подкасти и многу друго, ќе ја зајакне и прошири мрежата на истомисленици кои ја споделуваат нашата посветеност за зајакнување на нашите демократии“, рекол Пајет.

Меѓу партнерите на амбасадата на САД во Атина, како што шрекол се претседателот на Глобалниот центар за дигитална комуникациска мрежа (Digital Communication Network Global Hub), Никос Панајоту професор на солунскиот Универзитет Аристотел, професорката Бети Цакаресту од Универзитетот Пантион, Василил Цулис од невладината организација Технологија за млади претприемачи (Youth Entrepreneurship Technology) во Солун., како и директото на компанијата Digital. Според Пајет, проектот бил поддржан од непрофитните организации Found.ation и SocialInnov.

Медиумите забележуваат дека пред именувањето во Грција, Пајет бил американски амбасадор во Киев, и во текот на неговиот мандат во Украина зимата/пролетта 2014 година се случи превратот во Украина со која на власт дојдоа прозападните сили чиј активен поддржувач бил Пајет. Амбасадорот пошироко стана познат откако во јануари 2014 година на интернет и во медиумите протече негов телефонски разговор со американската помошничка државен секретар Викторија Нуланд во кој разговара за ситуацијата во Украина и распределбата на ресорите во идната украинска влада што се случи неколку месеци подоцна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.