Вкупно 119 лица се уапсени од Противпожарната служба во Грција поради предизвикување пожар од небрежност, а 27 лица за подметнување пожар, од 1 мај до денеска, напиша денеска грчкиот министер за климатска криза и цивилна заштита, Василис Кикилијас во порака на мрежата „Икс“ (Твитер), цитирана од АНА-МПА
-Од 1 мај до денеска Противпожарната служба приведе 119 лица за подметнување пожар поради невнимание и 27 лица за подметнување пожари. Грчката полиција извршила 18 апсења и приведе тројца други лица на распит. Во последните три дена се извршени четири апсења за подметнување пожар во Авлонас, Каристос, Пахна и Лариса и две предизвикани од невнимание во Каламата и Кос – прецизираше министерот.
Претходно денеска, службата соопшти дека уапсила двајца мажи за кои се верува дека намерно подметнале шумски пожари. Тие се приведени во Каристос и во Лариса