Во Грција во една седмица од грип починаа 12 луѓе

Заболувањата и смртноста од грип се зголемува во Грција, и во текот на претходната седмица починале 12 луѓе, соопшти Националниот центар за контрола и превенција на болестите (KEELPNO).

Ситуацијата со грипот во Грција се следи од почетокот на октомври до крајот на мај, а податоците се објавуваат седмично. Така, во текот на четврата седмица од 2019 година, во периодот од 21-ви до 27-ми јануари, регистрирани се 12 смртни случаи како последица од грип. Вкупно оваа сезона, според податоците на (KEELPNO), евидентирани се 18 смртни случаи од лабораториски потврден грип, а возраста на починатите е од 25 до 90 години.

Сите смртни случаи се предизвикани од вирусот од групата А, од подтиповите A(H1N1)pdm09 и A(H3N2). Сите починати, исто така, припаѓале на висико ризична клиничка група, за којашто се препорачува вакцинација против сезонскиот грип согласно циркуларното известување од грчкото министерство за здравство, се наведува во соопштението на споменатото тело.

Во текот на наведениот период, лабораториите во земјата проверувале вкупно 291 клиничк тест на вирусите на грип во болниците, од кои 141 бил позитивен на вируси на инфлуенца, главно од сојот А. Само два случаи, или помалку од 1,5 отсто биле од типот Б. Покрај тоа, имало и 20 случаи на зараза кај вакцинирани пациенти, или 18 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.