Во Грција уапсени Бугари за нелегално посвојување не бебе

Властите во Комотини, севeроисточна Грција, уапсиле четворица бугарски државјани во врска со илегално посвојување на бебе.

Уапсени се биолошката мајка и татко на бебето, на возраст од 32 и 36 години, една 41-годишна Бугарка кај која двојката престојувала во Грција, и уште една Бугарка на возраст од 37 години која ја придружувала мајката при породувањето во болница во Катерини.

Полицијата се уште трага по неидентификуван Бугарин, кој наводно ја убедил бремената жена да го даде детето на посвојување во Грција.

Според досегашната истрага, неидентификуваниот Бугарин и пришол на една грчка двојка и им кажал дека може да им договори илегално посвојување.

Во исто време, весникот „Етнос“ пишува и дека уапсените Бугари се обиделе да го продадат бебето за осум илјади евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.