Во група од 94 мигранти во Малта 65 позитивни на Ковид-19

Во групата од 94 мигранти спасени на море и доведени во Малта, 65 се тестирани позитивно за Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство на Малта.

Тоа е најголемото единечно жариште откриено на Малта од почетокот на епидемијата на коронавирус што избувна на 7 март, објави Ројтерс.

Министерството за здравство изјави дека досега биле тестирани 85 мигранти, додека другите чекаат да бидат тестирани.

Националноста на заразените сè уште не е објавена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.