Во Хамбург се одржува алтернативен самит во знак на протест против Г20

Алтернативниот самит започна во средата во германскиот северен пристанишен град Хамбург и тоа претставува последен во низата протести против состанокот на врвот на групата Г20 кој ќе се одржи во истиот град подоцна седмицава.

На насловен „Самитот на глобалната солидарност“, кој ќе содржи 12 панел дискусии и повеќе од 70 работилници кои се одржуваат во средата и во четвртокот, најавено е разгледувањето на низа прашања, меѓу кои и сиромаштијата, експлоатирањето, угнетувањето, војните, уништувањето на природата, расизам, мизогинијата и хомофобијата, објавено е на интернет страницата на настанот.

„Г20 го брани системот кој ја зајакнува социјалната нееднаквост. Укажуваме на поврзаноста на глобалните проблеми и ги разгледуваме алтернативите кои би можеле да дадат решение“, наведуваат организаторите на алтернативниот самит.

На овој настан, кој започна откако ноќта кон средата дојде до судири меѓу демонстрантите против Г20 и полицијата,учествуваат 1.500 учесници од 20 земји.

Противниците на самитот на Г20, кој ќе се одржи во Хамбург во петок и во сабота, излегоа на улиците и полицијата мораше често да интервенира. Самитот ќе го обезбедуваат околу 20.000 полицајци и агенти.