Во Ханој веќе нудат „коронабургер“

29

Во време на корона-криза, професионален готвач од Ханој, главниот град на Виетнам, се обидува да го подигне духот кај луѓето со новиот… „Корона-бургер”.

– Има една шега – ако се плашиш од нешто, треба да го изедеш. Кога ќе гризнеш од сендвичот што личи на вирусот, повеќе нема да се плашиш од зараза. Така ги бодриме луѓето во време на пандемијата, вели шеф Хоанг Тунг, сопственик на пицаријата што се наоѓа во центарот на Ханој.

Хамбургерот се служи со лисја од зелен чај, при што лепчето е во облик на вирус. Ресторанот продава околу 50 „Корона-бургери” на ден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.