Во Херцег Нови 92 проценти помалку туристи од лани

Во Херцег Нови престојуваат околу 3.300 туристи, што е за 92 проценти помалку во однос на истиот период лани.

Според податоците на Туристичката организација на Херцег Нови, од вкупниот број туристи има 2.570 странци и 733 домашни гости, пренесува РТЦГ.

Во домаќинствата има 2.330 гости и 974 во хотели.

Нема регистрирани туристи во авто камповите и во хостелите.