Во ХЕС „Црн Дрим“ произведени 565 милиони киловат часови електрична енергија

енергија

Турбините на двата значајни електроенергетски објкета во поголемиот период од годинава работеле под полн капацитет и до средината на овој месец произвеле 565 милиони киловат часови елекрична енергија, што е поголемо производство од планираното.

Во ХЕ „Шпилје“ произведени се 340 милиони киловат часови електрична енергија, што претставува 29 отсто поголемо производство од планираното за тој период, но и 24 отсто поголемо производство од годишниот план. Во ХЕ „Глобочица“ произведени се 225 милиони киловат часови, што е за 18 отсто поголемо производство од годишниот план, птоврдија за МИА од ХЕС „Црн Дрим“.

Моментниот дотек на вода во акумулацијата „Дебарско Езеро“ е над 40 метри кубни во секунда и има резерва на вода за производство на околу 20 милиони киловат часови електрична енергија.

Дотекот во акумулацијата „Глобочица“ изнесува 30 метри кубни вода во секунда и располага со резерва за производство на 13 милиони киловат часови електрична енергија.

Од ХЕС „Црн Дрим“ очекуваат планираното производство за годинава да биде поголемо за околу 40 отсто.