Во Холандија полициски час, во Норвешка нови рестрикции

Полициски час на национално ниво и други забрани со кои се сака да се сузбие ширењето на коронавирусот во Холандија ќе бидат продолжени за три седмици до крајот на април, соопшти во вторникот холандскиот премиер Марк Руте, додека Норвешка воведува нови рестриктивни мерки поради растот на бројот на заразените.

Растечкиот број на заразените и хоспитализираните знали дека краткоречно не може да се дојде до ублажување на мерките, изјави холандскиот премиер Мерк Руте на прес-конференција.

„Бројот на пациентите заразени со коронавирусот на одделенијата за интензивна нега е во пораст. Третиот бран станува видлив. Поради тоа актуелниот пакет мерки се продолжува“, се истакнува во соопштението на холандската влада.

Новите случиа на коронаинфекции се зголемиле за 16 отсто на повече од 46.000 во седумдевниот период до вторникот, што претставува најбрзата стапка на раст на новите зарази од средината на јануари, соопшти холандскиот Национален институт за јавно здравство.

Наметнувањето на првиот полициски час во Холандија од Втората светска војна, на 23-ти јануари, поттикна бројни протести ширум земјата. Баровите и рестораните во земјата се затворени веќе пет месеци, додека многу продавници имаат многу ограничени опции за услужување на клиентите. Јавните собири се забранети.

Норвешка, пак, воведува нови забрани на национално ниво со цел да го ограничи ширењето на коронавирусот во земјата, вклучително и забраната за служење алкохол во јавност, и ги одложува планот за повторното отворање, изјави во вторникот министерот за здравство Бент Хоје. Владата првично имаше намера кон крајот на март да го претстави планот за постепено попуштање на рестриктивните мерки.

Норвешка беше меѓу земјите со најниска стапка на зарази и смртност од Covid-19 во Европа од почетокот на пандемијата на почетокот на минатата 2020 година, но сега се соочува со постојано зголемување на хоспитализациите, на што влијаеле позаразните соеви на коронавирусот.

„Ситуацијата во Норвешка е нестабилна, со раст на стапката на заразите во претходните седмици. Стравуваме од потенцијалните последици, доколку многу луѓе отпатуваат и се сретна со други луѓе за врене на Велигденските празници“, рече Хоје на прес-конференција.

Меѓу новите мерки е и онаа со која за претстојните празници училиштата ќе бодат затворени од 27-ми март до 6-ти април.