Во Холандија 400 луѓе починале од топлотниот бран

Речиси 400 луѓе во Холандија починале од последиците на минатонеделниот топлотен бран , што донесе рекордни температури во цела Западна Европа.

Според холандската Национална агенција за статистика , во топлотниот бран на крајот на јули , починале речиси 400 луѓе. Вкупно во Европа во истиот период починале  2 964 , и тоа од 22 јули. Тоа е за 15 прценти повеќе отколку летниот просек на починати.

Температурата во тој период на повеќе места надмина 40 степени , што е историски рекорд од почетокот на мерење на времето.

Во Холандија , околу 300 од починатите била лица постари од 80 години , а поголемиот број настрадале во источниот дел од земјата каде беа измерени и повисоки температури.

Научниците предупредуваат дека ваквата појава на топлински удари ќе биде вообичаена појава поради глобалното затоплување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.