Во Холандија автомобил со боци за гас се заби во градски совет

Во зградата на градскиот совет на холандскиот град Бемел, се заби автомобил во кој имало боци за гас од кои едната експлодирала, пренесува во средата порталот omroepgelderland.nl.

Инцидентот се случил околу два часот по полноќ по локално време. Возачот возел до тревникот и избегнувајќи ги препреките, го забил автомобилот во зградата.

Припадниците на противпожарната бригада кои пристигнале на местото на инцидентот брзо го изгаснале огнот и пронашле тело на еден маж.

Според градоначалничката, станува збор за телото на возачот на автомобилот и оценува дека се работи за „намерна акција“. Таа е шокирана и вели дека не може да сфати кои би биле мотивите за ваков чин. „Ова се работи што не ги очекувате во оваа прекрсна и тивка заедница“, вели.

Идентитетот на возачот засега не е утврден, но полицијата соопшти дека веќе имаат осомничени.

Поради безбедносни причини, зданието на градските власти ќе биде затворено во текот на целиот ден.