Во Хонг Конг нападнат прокинески ориентиран пратеник

21

Поддржувач на антивладини протести во Хонг Конг го избоде про-кинескиот пратеник Јуниус Хо додека водел кампања за локалните избори, соопшти полицијата, додавајќи дека напаѓачот бил уапсен.

Полицијата исто така додаде дека Хо, неговиот помошник и напаѓачот биле однесени во болница.

Откако ја напуштил болницата, Хо изјави дека имал рана длабока два сантиметри.

Во видеото, што се појави на социјалните мрежи, се гледа млад човек како му дава цвеќиња на Хо и бара да се фотографира со него, а потоа вади нож, што го држел зад грб, и како го прободува Хо во градите.

Во видеото се гледа и како Хо и уште неколку други брзо го совладуваат.

Хо стана омразена фигура во Хонг Конг за време на протестите поради наводно здружување со маскирани мажи во бели кошули кои наводно ги нападнале демонстрантите во метрото на 21 јули.  Најмалку 45 лица беа повредени тогаш, а Хо негираше каква било поврзаност.

Оттогаш, демонстрантите постојано ја таргетираа неговата куќа и ги осквернуваа гробовите на неговите родители.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.