Во Хрватска 1.401 нов случај на зараза, починале 38 лица

Во изминатите 24 часа во Хрватска е потврден 1.401 нов случај на зараза со короанвирусот SARS-CoV-2, со што во моментов бројот на активните случаи на Covid-19 во земјата изнасува 5.798, оизвести во саботата Националниот штаб за цивилна заштита.

Во хрватските болници во моментов се хоспитализирани на лекување од Covid-19 2.084 пациенти, од кои 191 пациент е на респиратор.

Во последното деноноќие поинати се уште 38 лица како последица од компликациите предизвикани од коронаинфекцијата. Во самоизолација во моментов се 18.747 лица.

Од 25-ти февруари 2020 година, кога во Хрватска е потврден првиот случај на коронавирусот, до денеска потврдени се вкупно 219.347 зарази, од кои починале 4.342 лица. Вкупно досега оздравеле 109.207 луше, од кои 1.359 во последните 24 часа.

До саботата, земјата со вкупно малку над четири милиони жители, спрведени се 1.070.562 тестови на SARS-CoV-2, од кои 8.609 во последното деноноќие.