14.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Во Хрватска 1.467 нови короанинфекции и 33 смртни исходи

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 1.467 нови случаи на инфекција со коронавируспт, а починале 33 лица, објави во вторникот Националниот штаб за цивилна заштита.

Во земјата има 1.513 хоспитализации, од кои 167 се на апарати за дишење. Во моментов во Хрватска има 14.524 активни случаи на Covid-19, додека во моментот има 29.179 лица во самоизолација.

До денес, тестирани се вкупно 572.489 лица, од кои 7.803 во последните 24 часа.Од 25-ти февруари, кога е забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, регистрирани се вкупно 70.243 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 865 починале. Вкупно оздравеле 54.854 лица, од кои 1.852 во последните 24 часа.