Во Хрватска 151 нов случај на коронавирусот и тројца починати

Во Хрватска во последните 24 часа забележан е 151 нов случај на зараза со короноавируост, бројот на активни случа во моментов е 2.107 а три лица починале, соопшти во вторникот Националниот штаб за цивилна заштита.

Меѓу забилените 299 пациенти се на болничко лекување, а од тоа 22 пациенти се на респиратори. Три лица починале, па вкупниот број смртни исходи од почетокот на епидемијата на Covid-19 се зголемул на 230.

Од 25-ти февруари, кога во Хрватска е потврден првиот случај на коронавирусот, регистрирани се 13.749 заразени лица, од кои досега 11.412 оздравеле. Во самоизолација во земјата моментално се 8.598 лица.

Хрватските здравствени власти известија дека досега вкупно тестирале 230.585 лица, од кои 5.571 во последното деноноќие.