21.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Во Хрватска 2179 заразени, 15 лица починале

Во последните 24 часа, евидентирани се 2179 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денеска изнесува вкупно 15.894.

Од 25 февруари 2020 година, кога бил регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 51.495 лица заразени со коронавирус, од кои 562 починале. Вкупно се опоравиле 35.039 лица, од кои 2.221 во последните 24 часа.

Во моментов има 29.338 лица во самоизолација.

До денеска се тестирани вкупно 502.048 луѓе, од кои 8026 во последните 24 часа, соопшти предмалку Кризниот штаб.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.