Во Хрватска 334 нови случаи на инфекција со Ковид-19

16

Националниот штаб на Хрватска објави дека од 4.047 тестирани во таа земја во последните 24 часа, потврдени се 334 случаи на инфекција со Ковид 19.

Во последните 24 часа едно лице почина како резултат на инфекцијата.

Вкупниот број на активни случаи во Хрватска е 2.703.

Хоспитализирани се 283 лица, а 15 пациенти се прикачени на респиратори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.