Во Хрватска 4135 новозаболени од корона, починале 78 лица

Во последните  24 часа во Хрватска биле евидентирани 4135 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи денеска изнесува вкупно 25.270.

Меѓу нив, 2792 пациенти се во болница, од кои 295 пациенти се на апарати за дишење. Починале 78 лица.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, вкупно 172.523 лица се заразени со коронавирус, од кои 2.562 починале, вкупно 144.691 се опоравени, од кои 3.793 во последните 24 часа

Во моментов има 63.908 лица во самоизолација.

До денеска биле тестирани вкупно 872.515 лица, од кои 11.114 во последните 24 часа.

Од денеска во Хрватска во сила се нови мерки за продавниците и трговските центри. Тие главно се однесуваат на ограничување на бројот на луѓе во продавниците.